Американскиот актер Харисон Форд и неговата сопруга, исто така актерка Калиста Флокхарт, доживеаја непријатност на официјалната премиера на неговиот нов филм за Индијана Џонс и почесното доделување на Златната палма на Канскиот филмски фестивал.
Имено, Форд и Флокхарт беа разделени од страна на организаторите, односно беа седнати на посебни места во публиката, а Калиста беше сместена во редот зад Харисон Форд. Двојката пристигнала на премиерата на неговиот филм Indiana Jones and the Dial of Destiny, а кога отишле да си ги најдат местата, набрзо сфатиле дека не седат заедно.
Сепак, Калиста и Харисон не направија врева поради тоа и не се побунија иако Форд беше видно лут поради гафот на организацијата. Таа на крајот седнала зад него и така ја гледаа премиерата.
Awkward moment at the INDIANA JONES premiere when Harrison Ford and Calista Flockhart arrive at his seat and she realizes Cannes assigned her the row behind him pic.twitter.com/NoXKiXp00c
— Kyle Buchanan (@kylebuchanan) May 18, 2023
Инаку, Харисон Форд вчера ненајавено пред проекцијата доби почесна Златна палма.
„Длабоко сум трогнат од ова признание“, рече видно возбудениот 80-годишен американски актер кој го доби признанието.
Кога беше најавено дека петтото продолжение за авантурите на археологот ќе биде премиерно прикажано во Кан, организаторите посочија дека ќе му оддадат „почит“ на Харисон Форд без да откријат за што се работи.