Организаторот на геј-оргијата ги открива деталите: Ангажирав медицински сестри кои правеа брзи тестови за Ковид-19

од Nikola Popovski
454 прегледи

Унгарскиот десничарски пратеник Јозеф Шајер, фатен од полицијата на геј-оргиja во центарот на Брисел, ја напушти партијата „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан.

Во меѓувреме, протекоа нови детали за геј-забавата од која Сајер, познат по своите жестоки анти-ЛГБТ ставови, се обидел да избега кога упаднала полицијата.

Полицијата извршила рација на забавата на првиот кат во зграда над геј барот Ле Детур затоа што се случила за време на полициски час, кој е во сила од 22 до 6 часот наутро во белгиската престолнина и седиштето на европските институции, како дел од антипандемиските мерки против Ковид-19.

Организаторот: Имав медицински сестри кои ги тестираа сите на ковид-19

Организаторот на оваа сексуална забава, 29-годишниот студент Дејвид Манзелеј, дал интервју за унгарскиот таблоид „Blikk“ и белгискиот весник „ Het Laatste Nieuws“, бранејќи се од обвинувањата дека го прекинал полицискиот час со неговата оргија,

Манзелеј тврди дека поканил само десетина машки гости на забавата и дека имал две медицински сестри кои направиле брзи тестови на Ковид-19 на влезот за гостите, за да се осигура дека немало позитивни учесници на забавата.

Сајер, вели домаќинот, воопшто не бил поканет на оргијата, но дошол како придружба на пријател кој бил поканет.

„Секогаш поканувам неколку мои пријатели на забавите, кои потоа канат некои свои пријатели и потоа заедно се забавуваме. Разговараме со пијалак, како во кафуле. Единствената разлика е што во меѓувреме имаме секс едни со други. Не гледам ништо погрешно околу тоа“, кажал домаќинот за Бик, кој објави фотографии од станот во кој се одвивала забавата.

Манзхели тврди дека не го познавал унгарскиот десничарски политичар пред тој да дојде на забавата, но дека таа вечер имало многу меѓународни гости. Полицијата дошла на повик на соседите кои се жалеле на бучавата.

„Полицијата ја провали вратата без да чукне. Беа многу безобразни, нè навредуваа“, вели домаќинот и додава дека 12 до 15 полицајци упаднале брз налог и дека им упатувале хомофобни навреди: „Постапуваа кон нас како Гестапо“.

59-годишниот Сајер се обидел да избега преку прозорец од станот, со спуштање преку олук од првиот кат, кога упаднала полицијата, но на крајот сепак го фатиле бидејќи го видел минувач. Бидејќи со себе немал лични документи, но му нашле таблети од дрогата екстази во ранецот, полицијата соопшти дека го испратиле до неговиот стан каде што им покажал унгарски дипломатски пасош и се повикал на имунитетот.

Интересно е што уште двајца учесници на оргијата се повикале на имунитет – еден со иницијали Д.О. роден во 1977, и друг со иницијали П.Б. роден 1987 година, соопшти полицијата.

Сите учесници на забавата се казнети со парична казна од 250 евра поради кршење на епидемиолошките мерки.

Слични содржини