Организацијата на принцот Хари се претвори во страница за возрасни

377 прегледи

Кралското семејство доживеа нов гаф. Нивната официјална интернет страница, посетителите ги насочува на кинеска порно страница, наместо на добротворната организација на принцот Хари, пишуваат странските медиуми.

Поточно, кога корисниците ќе го отворат делот „добротворни организации и заштитници“, меѓу останатото, се појави и организацијата „Dolen Cymru“.

На прв поглед се изгледа нормално, во описот пишува: „Врската Велс-Лесото започнува во 1984 година и се развива во образовна врска,здравство, цркви, женски организации итн“.

Меѓутоа, кога корисниците ќе го одберат линкот кој би требало да ги насочи кон официјалната страна на организацијата, се отвора порно страница која нуди пренос на секс во живо во Кина.

Не е познато дали веб-страницата на кралското семејство е хакирана или станува збор за погрешно поврзување со страницата на организацијата. Во секој случај, подоцна линкот бил исправен и сега усмерува кон вистинската страница.

Принцот Хари е заштитник на организацијата „Dolen Cymru“ која помага на заедниците во Велс и Лесота, афричка земја која војводата ја посетил пред да се придружи на војската.

Кога во 2007 година Хари бил прогласен за заштитник, тој рекол:

„Толку сум горд што сум поврзан со Dolen Cymru“.

Слични содржини