Утрово во центарот на Тирана беше убиен 66-годишен маж, за кого медиумите во Албанија наведоа дека станува збор за познат нарко бос.
Тој бил застрелан од огнено оружје со пригушувач, а според „АБЦ Албанија“, се работи за Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата по своите криминални активности.
Тој беше уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија и беше инволвиран во инцидент во Драч во 2009 година, во кој беа убиени четворица полицајци.
Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.
Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што тој беше убиен.
Man found shot in #Tirana dies in hospital
➡️https://t.co/XIxCB1eGVS pic.twitter.com/j4I7f6o7AE
— Euronews Albania (@EuronewsAlbania) February 25, 2021