308
Во рамки на соработката на Институтот за европска политика и мрежата TEH, ќе се оддржи регионална конференција насловдена како „Граѓанинот на прво место“.
„Конференцијата ќе послужи за промоција на Регионалниот и Националните извештаи од следењето на реформата на јавната администрација 2019/2020. Конференцијата има цел да го зајакне и прошири дијалогот за креирање и спроведување на инклузивни и транспарентни политики, како и да придонесе за одржливост на административните реформи во корист на граѓаните во регионот“, посочија од ИЕП.
Инаку, на конференцијата ќе дискутираат граѓански организации, владини претставници, меѓународни и регионални организации, како и истакнати независни експерти за ова прашање.