Организирана оналјн дебата за намалување на коруптивниот пристап во јавните набавки

437 прегледи

„Претставување на предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и унапредување на начинот на нивно спроведување“, ќе биде насловот на темата која онлајн ќе биде спроведена од Центарот за граѓански комуникации.

Во рамки на настанот ќе бидат претставени предлозите за намалување на корупцијата во јавните набавки и ќе се дискутира за начините за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки, ставајќи акцент на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од Владата и единиците на локалната самоуправа.

Најавено е обраќање на амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, како и претставниците на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ и Герман Филков.

Слични содржини