Ако од било каква причина избегнувате секс, не само што не си дозволувате уживање, туку го и си го ризикувате здравјето.

Мажите кои уживаат во сексот само два пати неделно, имаат двојно помал ризик од инфаркт во споредба со припадниците на посилниот пол кои тоа го прават еднаш месечно, потврдија британски истражувања. Овен задоволство, сексот придонесува и за зајакнување на имунитетот, подобро спиење, ослободување од стресот, но и согорување на вишокот калории.

За лошиот сексуален живот виновни се стресот, физичкиот замор, здравствените и парични проблеми, намалување на сексуалната желба како и лошите партнерски односи. Ако главоболката е изговор за избегнување на сексуалниот однос, не треба да ѝ се предадете туку да постапите спротивно.

Докажано е дека во моментот на оргазам нивото на хормонот окситоцин се зголемува до пет пати, што доведува до моментално намалување на болката. При тоа се лачи и хормонот дехироепиандростерон кој го подобрува имунитетот, подмладува и ја одржува кожата здрава.

Се подобрува циркулацијата, поради зголемениот број срцеви отчукувања во текот на сексот, што носи свежа крв во органите и клетките, па така телото се ослободува од стрес и замор.

По водењето љубов луѓето се опуштаат, полесно заспиваат и имаат квалитетен сон кој е исто така важен за чување на доброто здравје. Редовниот секс прави чуда и со вишокот килограми, бидејќи во текот на чинот се согоруваат повеќе од 80 калории.

Слични содржини