Орхан Адеми избран за заменик на главниот државен ревизор

од Берта Китинска
250 прегледи

Собранието попладнево го прифати предлогот Орхан Адеми да биде избран за заменик на главниот државен ревизор. Адеми по изборот даде свечена изјава пред пратениците.

На денешната 131-ва пленарна седница беше избран и Арбр Исаку за член на Советот на јавни обвинители и Валентина Димовска за член на Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

Беа донесени и неколку одлуки за испраќање на припадниците на Армијата во мировните мисии во Босна и Херцеговина, Авганистан, Централно африканската Република и Либан.

Пратениците ги донесоа и измените на Законот за Државната статистика по што е дадена пауза од половина час.

На дневен ред на денешната седница се 72 точки од кои поголем дел се закони што треба да се донесат по скратена постапка.