Напаѓачот Дивок Ориги беше на лекарски прегледи пред да го комплетира трансферот во Милан, кој ќе биде прво ново засилување на италијанскиот шампион.
Белгискиот репрезентативец синоќа пристигна во Милано, а утрово ја посети локалната клиника „Ла Мадонина“ на задолжителните медицински тестови. Тој подоцна ќе го потпише договорот со „росонерите“, кој се очекува да биде на 4 сезони со годишна плата од 3,5 милиони евра.
Ориги пристигнува на „Сан Сиро“ како слободен играч, откако неговиот договор со Ливерпул истекува во наредните денови.