Ориз со пилешко месо

од Stefanija Kuzmanovska
704 прегледи

Состојки:

– 1 парче пилешко месо (бело месо или батаци)

– 3 шолји ориз

– 1 морков

– 1 главица кромид

– половина праз

– половина пашканат

– малку сечкан магдонос

– масло, суви билни зачини

– сол, бибер

Подготовка:

Ставете го месото во приближно еден литар вода и сварете го.

За тоа време исечкајте го кромидот, морковот, пашканатот и празот.

Во тавата сипете масло, колку да го покрие дното на тавата.

Кромидот и морковот се пропржуваат, кон крајот се додава празот, се пржи уште малку, па се додава измиениот ориз и се покрива со водата во која се сварило пилешкото.

Додадете пашканат и сечканото месо на помали или поголеми парчиња, по ваша желба.

Посолете, додајте суви билни зачини по вкус, бибер и варете на умерена температура додека не се свари оризот.

Повремено мешајте, оризот брзо се вари, па внимавајте да не загори на дното на тавата.

По потреба додадете малку вода, треба да има течност, да не биде суво пред да го ставите во рерна. На крајот ставете малку сечкан магдонос.

Вклучете ја рерната да се загрее, а кога ќе се свари оризот оставете малку да се запече, не многу.

Слични содржини