Орландо Блум: „Лекарите ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да можам да одам“

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Актерот Орландо Блум кога имал 19 години доживеал пад од прозор, по што го скршил грбот.

„Кога имав 19 години, паднав од трети кат и го скршив грбот. Имав многу среќа што преживеав, ‘рбетниот мозок ми беше недопрен. Сепак, лекарите по несреќата ми рекоа дека можеби никогаш повеќе нема да можам да одам“, изјави Орландо Блум, додавајќи дека морал да оди на операција на ‘рбетот и дека закрепнувањето било долго.

Закрепнувањето го поднел тешко.

„Месеците по несреќата беа исклучително тешки. Отсекогаш бев физички активен и одеднаш морав да мирувам. Болката беше неподнослива“, додаде актерот.

Орландо открил и дека падот бил толку опасен што можел да биде парализиран.

„Избегнав смрт и парализа. Секој ден сум благодарен за тоа“, навел актерот.

Слични содржини