Иако „Господар на прстените“ е една од најуспешните франшизи досега, актерот Орландо Блум заработил многу малку пари, според холивудските стандарди.
Овие филмови заработија вкупно 2,9 милијарди долари.
Меѓутоа, Орландо Блум, кој го отелотвори ликот на елфот Леголас, во едно интервју откри дека заработил многу малку пари од оваа улога.
„Не добив ништо“, му рекол Блум на водителот и открил дека неговиот хонорар бил 175.000 долари, вкупно за сите три филмови.
Ова беше една од првите големи улоги на актерот, по што тој се прослави и неговата кариера тргна во нагорна линија.
Поради тоа, Орландо вели дека би го направил сето тоа одново, дури и за помалку пари.
„Најголемиот подарок во мојот живот. Повторно би го направил тоа за половина од парите“, изјави тој.