385
Чонгарскиот мост, кој ги поврзува Крим и Херсонската област, е оштетен од ракетен напад на украинските сили, соопшти денеска кримскиот лидер Сергеј Аксјонов.
Аксјонов на Телеграм обелодени дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот.
Непријателот изврши ракетен напад во областа на мостот Чонгар на северот на Крим. Некои од проектилите биле соборени од противвоздушни сили. Коловозот на мостот е оштетен, веќе се работи за поправка. Нема жртви, соопштил Аксјонов, пренесува агенцијата РИА Новости.
Првиот ракетен напад на украинските сили на патниот мост во Чонгар беше извршен на 22 јуни, а десет дена подоцна мостот беше целосно обновен.