Оштетени гуми и ретровизори на паркирани автомобили

од Milan1

Кумановец пријавил во полицијата дека на една улица биле оштетени гуми и ретровизори на пет автомобили кои биле паркирани на улица.
– Вчера во 00:20 часот во СВР Куманово Д.М.(38) пријавил дека на улицата „Средорек” во Куманово биле оштетени гуми и ретровизори на пет патнички моторни возила кои биле паркирани на улицата, информираше полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини