Оштетени штедачи на Еуростандард банка: 3.000 семејства за заложници на банкарското лоби

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Соопштенијата на МБА деновиве разбирливо се направени со цел да се заштитат банките и нивните интереси или во случајов рекордни профити. И сето тоа би било во ред доколку случајно или не на другата страна не се наоѓаат 3000 семејства кои ограбени и понижени од еден систем, преку самообединување и упорност водат битка која моментално е правна и зависи од проценка на Судии кои за прв пат се соочуваат со ситуација каде треба да одлучат дали ќе ги доограбат истите тие 3000 семејства или ќе застанат зад рекордните профити на банките, велат утрово од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

После неодамнешната одлука на Уставниот Суд, велат тие, се создаде правен вакум кој горе наведените банкарски Асоцијации преку своите изјави споменувајќи притоа стабилност на банкарски систем „умешно се обидуваат да го прикријат повикувајќи се на законски одредби кои не важат во овој случај“.

„Од една страна ограбените и понижени семејства јавно преку протести, прес конференции и соопштенија ја водат оваа битка упорно и транспарентно со несебичната помош на медиумите, запознавајќи ја јавноста со детали кои многупати се толку неверојатни да човек сериозно помисли дека се дел од некој криминалистички роман.

Од друга страна стои банкарското лоби застапувано од една банкарска асоцијациа, а од време на време и од НБРМ преку изјави зад кои не може со сигурност да се каже кој стои и зашто.

Полека но сигурно дојде времето кога маските треба да се симнат и јавноста конечно треба да види кој навистина стои наспроти ограбените 3000 семејства. За таа цел Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандар Банка – „Правда за штедачи” јавно ја повикува МБА, Фондот за осигурување на депозити, и тимот на НБРМ предводен од Гувернерката, на ТВ дуел во живо со правниот застапник на Здружението Љупчо Кузмановски, каде би дискутирале за сите правни акти и закони кои се споменуваат во соопштенијата и на едните и на другите а се дел од стечајната постапка“, се вели во меѓу другото во соопштението.

Слични содржини