Косовскиот функционер Гафур Дуголи кој беше во притвор во Скопје и требаше да биде екстрадиран во Србија е ослободен.
Кривичниот совет ја усвоил жалбата на притворениот и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија за претходна постапка.
Јавното обвинителство, пак, во меѓувреме се предомислило и за Дуголи, наместо 30 дена притвор барало обврска лицето повремено да се јавува во суд. Судот го прифатил тој предлог и сега му е наложено на Дуголи повремено да се јавува во кривичниот суд.
Тој е актуелен шеф на протоколот на косовските безбедносни сили. Уапсен беше на граничниот премин Блаце на 12 март, кога доаѓал во Скопје по американска виза.
По него е распишана потерница од Интерпол-Србија за воени злосторства направени врз цивили Срби, кои тој наводно ги извршил во 1998 година како припадник на ОВК на планината Клечка во Косово.
