Судот во Лос Анџелес ослободи 66-годишен маж, кој 17 години ја прогонува американската актерка Гвинет Палтроу, пренесе Associated Press.2d42d18a457b4f6811786969103aeb27

Поротниците – шест мажи и шест жени, не пронашле ништо криминално во дејствијата на обвинетиот. Според нив неговата постапка може да биде укорена, но не треба да се изедначува со категоријата на тешките злосторства.

За прв пат актерката се сврте кон спроведување на законот во 1999 година откако добила слики со порнографија и секс играчки, придружени со писма во кои Dante Soiu зборува за намерата да биде со неа.

Во 2000 година судот признал дека мажот има психички абнормалности и затоа е невин. Одлуката на судот беше фанот да влезе принудно да се лекува во специјализирана психијатриска клиника. Во 2015 година го уапсиле по нов обид да упатува пораки до Палтроу. Во почетокот на февруари стана познато дека 43-годишната добитничка на “Оскар” го обвинила обожавателот на суд.

За периодот од 1999 до 2015 година мажот испратил неколку десетици писма до актерката во кои ѝ објаснува својата намера да се ожени со неа, а исто така ја молел таа да му прости за страдањата кои тој ѝ ги предизвикал.

“Не сакав да ја навредам, немам желба да ја загрижувам”, објаснил тој пред судот. Актерката од своја страна објаснила дека се плаши за својот живот, како и за безбедноста на своите деца.

Таа изјавила дека е вознемирена од одлуката на судот. Палтроу е носителка на “Оскар” и “Златен глобус” за главна женска улога за “Вљубениот Шекспир”. Исто така има и “Еми” за најдобра актерка во 2011 година. Актерката има две деца.

Слични содржини