Управата на Суецкиот канал денес гo ослободи запленетиот товарен брод, кој го блокираше каналот скоро една недела во март.
Администрацијата претходно објави дека е постигнат договор за компензација со сопственикот на гигантскиот товарен брод „Ever Given“.
Дооворот беше потпишан денес во египетскиот град Исмаили.
Според Администрацијата, парите ќе ги покриваат операциите за отстранување на бродот, трошоците за запрен сообраќај и изгубената такса за транзит за шест дена од блокадата, што ја наруши глобалната испорака на стоки.
Стотици бродови застанаа додека не се деблокира Каналот, а некои бродови беа принудени да патуваат на многу подолго растојание низ цела Африка, што ги принуди да плаќаат дополнително за гориво и да направат други трошоци.
Околу десет проценти од светската трговија со стоки поминува низ Суецкиот канал.