Ослободени 35 тинејџерки од синџир за проституција во Нигерија

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Најмалку 35 тинејџерки кои биле заробени и принудени да работат во синџир за проституција во југоисточна Нигерија се спасени откако полицијата упаднала во хотел каде што биле држени, соопшти денеска полицијата.

Полицијата ги пронашла девојчињата на возраст меѓу 14 и 17 години во градот Нкпор, во државата Анамбра, откако добила пријава, изјави портпаролот на полицијата на Анамбра, пренесе АП.

Девојките биле принудувани на проституција, а некои биле чувани за да можат нивните бебиња да бидат продадени, се вели во соопштението на портпаролот на полицијата на Анамбра.

Слични содржини