Ослободени повеќе од 360 лица уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Повеќе од 360 лица беа приведени за време на Парадата на гордоста во Истанбул, но сите беа ослободени во текот на ноќта и денеска по сослушувањето, соопштија организаторите.

Водечкото ЛГБТ здружение Каос ГЛ објави дека претходно биле забранети сите настани поврзани со Прајд. Гувернерите на општините Бејоглу и Кадикој воведоа забрани, наведувајќи ја безбедноста и мирот како причина.

Полицијата затвори бројни улици и станици на метрото во неделата за да спречи собири. Новинарите исто така беа насилно растерани и приведени.

Турските медиуми соопштија дека забраната е „исклучително сурова“ и „произволна“.

Турските власти дозволуваа одржување на Парадата на гордоста повеќе од една деценија, од 2003 година, кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше премиер.

Во 2014 година на Прајдот во Истанбул учествуваа околу 100.000 луѓе, но во 2015 година полицијата ги растера насобраните со солзавец и водени топови по забраната во последен момент.

Прајдот е забранет оттогаш, а највисоките турски функционери ги нарекуваат ЛГБТ луѓето „изопачени луѓе“ кои имаат за цел „да ги нарушат традиционалните семејни вредности“.

Слични содржини