Ретки се оние кои можат да се пофалат дека никогаш не почувствувале главоболка. Статистиката открива дека ова е еден од најчестите здравствени проблеми што погодува повеќе од половина од светската популација. Најчести типови на главоболки се мигрените и главоболките за напнатост, кои можат да имаат нарушувачки ефект врз секојдневниот живот на една личност.
Во борбата против главоболката, постојат природни начини кои можат да имаат позитивни ефекти:
Пијте колку што е можно повеќе течност – Една од најчестите причини за мигрена и главоболки за напнатост може да биде дехидрација, затоа обидете се редовно да пиете доволно течности.
Избегнувајте храна и пијалоци богати со хистамин – Дури и здравите луѓе може да имаат силни главоболки како резултат на консумирање големи количини на хистамин во нивната исхрана. Затоа, треба да избегнувате стари сирења, ферментирана храна, пиво, вино, пушена риба…
Спијте доволно – Недостатокот на сон може да предизвика многу здравствени проблеми, вклучително и мигрена. Но, и предолгото спиење може да биде поттик. Препорачаната должина на спиење е од 7 до 9 часа.
Пијте витамин Б комплекс и магнезиум – Истражувањата покажаа дека редовното внесување на витамините Б, особено Б2, Б6 и Б12, може да спречи главоболка или значително да ја намали болката. Витаминот Б комплекс се смета за безбеден за редовно внесување, бидејќи секоја поголема количина поминува низ урината. Магнезиумот е минерал важен за многу функции на нашето тело. Истражувањата покажаа дека третманот со 600 mg магнезиум дневно може да има позитивен ефект не само на зачестеноста, туку и на сериозноста на мигрената.
Направете ладни облоги – Ставете ладни облоги на вратот или челото кои ќе ги стегнат крвните садови и на тој начин ќе го ублажат притисокот и болката.
Како што предупредуваат невролозите, повеќето луѓе не се јавуваат на лекар, туку проблемот го решаваат со земање аналгетици во обид да ја санираат болката, што не е решение. Потребно е да се обратите до специјалисти за да се утврди причината за главоболката, која често може да биде симптом на многу сериозни болести, чии првични знаци мора навреме да се препознаат.