Судот го осуди да плати надомест во износ од околу 7 милиони долари

20160503.zikhuleixe

Обвинителството на јужниот округ на Њујорк објави дека Русинот Никита Кузмин, обвинет во создавањето на вирус кој инфицирал милиони компјутери во неколку земји во светот, вклучувајќи и системи на НАСА, беше осуден на 37 месеци затвор. Сепак, Министерството, објасни дека рускиот државјанин кој беше уапсен во САД во 2010 година, не е потребно да останува во затвор, затоа што веќе го помина тоа време, додека се чекала пресудата, објави весникот “Коммерсант”.

” Да, тој е ослободен “, соопшти обвинителството. Во судот Никита Кузмин се изјаснил за виновен и содејствувал на истрагата. Судот го осуди да плати надомест во износ од околу 7 милиони долари. Во рамките на хакерски напади, само во САД биле пробиени не помалку од 40 илјади компјутери, вклучувајќи 160 машини на вселенската агенција НАСА.

Слични содржини