Државата уште во јуни ги повлече сите воени, дипломатски и цивилен персонал, што значи немаме свои претставници таму, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Стапивме во контакт со САД, Турција и Катар, кои имаат најсилна логистичка воена и дипломатска мрежа во Кабул, остварени се линии за брза комуникација. Обезбедени се повеќе опции за евакуација на нашите граѓани. Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродромот во Кабул, половина од нив, 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на армијата на САД и ќе бидат упатени во Доха, Катар и нивното враќање е неспорно. Останатите 25 се упатени на следниот лет и во моментов работиме на нивна регистрација и евакуација од аеродромот во Кабул. Знам за уште 25 кои се наогаат во американската база во Кабул, во близина на аеродромот. Тие се безбедни и се на листа на чекање за да се трансферираат на аеродром и потоа авакуирани. За други не знам и нема ниту еден загрозен, рече Османи.