Вршителот на должноста косовски претседател Вјосa Османи во Тирана рече дека Албанија треба да биде глас на Косово на меѓународно ниво.
„Целиот наш процес на градење на државата беше тежок, но ја имавме Албанија на наша страна. Србија изврши воени злосторства на Косово и тоа го виде целиот свет. За да не дозволиме вистината да се сврти наопаку, мора да застанеме покрај Албанија така што таа ќебиде нашиот глас каде што немаме можност“, рече Османи на прес-конференција со албанскиот претседател Илир Мета.
Таа побара од албанскиот парламент да донесе резолуција за „Српскиот геноцид на Косово“.
„Таа резолуција беше усвоена во Собранието на Косово и очекуваме дека Албанија ќе биде втора земја што ќе го стори тоа“, рече Османи.
Таа оцени дека промената на границите е „опасна авантура“ и му се заблагодари на претседателот на Албанија, Илир Мета, за, како што рече, неговиот одлучувачки став против ваквите идеи.
„Без оглед на тоа што мислиме, ова е мртва идеја, може да се врати, затоа е важно да има силен глас на опозиција во Косово и Албанија“, рече в.д. претседател на Косово.
Таа додаде дека Косово и Албанија мора да соработуваат за да обезбедат доволно количества вакцини за коронавирус за своите граѓани.