Османи: Бараме прифатливо решение за регистарските таблички

од Vladimir Zorba

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска изјави дека Приштина „се координира со сојузниците“ и дека „вложува интензивни напори во рок од 48 часа да се најде прифатливо решение за проблемот со регистарските таблички“.

Османи во разговор со министрите за надворешни работи и за одбрана на Италија, Антонио Тајани и Гвидо Крозета, во Приштина, го повторил ставот дека успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина бара „еднаков третман на инволвираните страни до неговото завршување со меѓусебно признавање“, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа рече и дека не смее да се дозволи процесот на дијалог да се користи „како инструмент на Србија за поткопување на евроатлантскиот пат на Косово“, пренесуваат приштинските медиуми, цитирани од Танјуг.

Османи го обвини Белград дека „се обидува да го дестабилизира Косово преку нелегални структури на северот“.

Слични содржини