Претседателката на Косово Вјоса Османи уште еднаш повтори дека Србија продолжува да ја следи политиката на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и дека станала алатка на Русија за дестабилизација на Приштина и Западен Балкан, се со цел уништување на достигнувањата на САД во претходните децении во регионот, објави денеска РТК2.
„И тоа така што стана оружје на Русија за дестабилизација на Косово и Западниот Балкан, со цел да ги уништи достигнувањата на САД од изминатите децении во регионот.
Таа оцени дека „косовската приказна е приказна за успех“, и тврди дека Приштина ја поддржуваат „нејзините најголеми сојузници, особено САД“.
„Кога зборуваме за Косово, главно зборуваме во контекст на војната. Некои луѓе во светот мислат дека војната на Косово почнала во 2011 година, кога почна дијалогот на Косово и Србија“, кажа Османи во Њујорк, на Институтот за надворешна политика на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Османи зборуваше и за, како што ја нарече, „деструктивната политика на Русија во регионот на Западниот Балкан“, тврдејќи дека „режимот во Србија го следи истиот менталитет, но со користење различни стратегии, обидувајќи се да создаде таканаречен српски свет“.
Таа ја обвини Русија дека има специфични интереси во регионот и дека тоа не е само дестабилизација на Косово, туку дека Москва сака да поништи сè што Вашингтон постигнал во последните три децении, а тоа, според неа, се стабилност и демократија.