Османи: Белград мора да ја прифати реалноста, „суверенитетот на Косово“ не може да биде тема

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, во интервју за швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ изјави дека Белград мора да ја прифати реалноста и дека „суверенитетот на Косово“ не може да биде една од темите на преговарачката маса во процесот на дијалог меѓу Србија и Косово, известува „Денес“.

Османи, исто така, рече дека коалицискиот договор со Движењето Самоопределување предвидува да нема промена на границите, како и уставни измени, кои би биле неопходни за „проектот“ за обединување на Косово и Албанија.

„Се договоривме за приоритетите. На Косово сè уште има места кои немаат ниту вода за пиење ниту електрична енергија. Тоа е нашиот фокус. Што се однесува до Белград, тоа е прашање на препознавање на реалноста“, нагласи таа.

Има многу за разговор на преговарачката маса, но сигурно нема да се разговара за суверенитетот на Косово, заклучи Османи.