Утре Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде дел од редовниот состанок на Сеерноатланскиот Совет на НАТО, кој ќе се оддржи онлајн преку видео врска поради пандемијата од Ковид 19, велат од ресорното министерство.
Според предвидениот дневен ред, на состанокот е предвидено министрите за надворешни работи да имаат дебата врзана за прашања од голема важност за НАТО, како и анализа на актуелните предизвици со кои се соочува.
Во овој дел спаѓаат состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.
Министрите за надворешни работи ќе имаат за цел да го разгледаат и Извештајот насловен „НАТО 2030“ што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за Алијансата во наредната декада, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО.
Во рамки на овој состанок, Османи ќе се обрати на првата работна сесија, што ќе биде негов прв настап на Северно-атлантскиот Совет од стапувањето на должноста министер за надворешни работи.