28
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска се очекува да се сретне со претставниците на политичките партии за да разговара за датумот на изборите.
Средбата е предвидено да започне во 14 часот во зградата на Собранието на Косово. Политичките партии потврдија дека ќе одат на средбата.
Уставниот експерт Мазлум Баралиу пред неколку дена изјави дека Косово влезе во редовни рокови за одредување на датумот на изборите.
„Дојдовме во редовни рокови и нема друг начин, субјектите можат да предложат нешто, да негираат. Во февруари има флексибилност, законот вели 40 дена пред истекот на мандатот, во овој временски интервал треба да се одржат изборите“, рече Баралиу во „Интерактив“ на КТВ.