Османи денеска во работна посета на Данса

од Andreja Salpe
351 прегледи

Во неколку европски градови, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ, денеска Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во Копенхаген и ќе оствари средба со неговиот колега Јепе Кофод.

Меѓу другото, вчера Османи во Берлин имаше, средба со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Мас по средбата со Османи изјави дека германската влада смета дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да остане на билатерално ниво и да го решаваат експерти, без притисоци од надвор. Тој вели дека Берлин секогаш е подготвен да помогне и да го сподели своето искуство, но спорот треба да остане на билеталарно ниво и да се одвива без притисоци од страна.

Мас уште еднаш ја истакна поддршката на Берлин за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ „што е можно побрзо“.

Дипломатската турнеја на Османи утре продолжува со работната посета на Стокхолм каде што ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде. Турнејата на Османи се одвива во период на засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на Северна Македонија. Покрај билатералните односи, централни теми на средбите се европското досие на земјава и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Слични содржини