Османи до Столтенберг: Има опасност од руско влијание на Балканот

од Nikola Popovski
283 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е во официјална посета на Приштина. Претседателката на земјата, Вјоса Османи, изјавила дека постои „опасност од руско влијание на Балканот“ и додала дека членството на Косово во НАТО е многу важно за регионалната стабилност.

Османи му пренела на Столтенберг дека „Приштина се залага за членство во НАТО“.

„Потребна ни е поддршка од оваа организација дури и од членките на НАТО кои не го признаваат Косово“, рече Османи.

Таа изразила уверување дека иднината на Косово лежи во ЕУ, НАТО и ООН.

За време на состанокот, Османи истакнала во изјавата од нејзиниот кабинет, таа се заблагодари за „одлучувачката улога на Северноатлантскиот сојуз во слободата на Косово, но и за сегашниот придонес кон мирната и безбедна средина, преку трупите на КФОР“.

Османи исто така се заблагодари на „КФОР за поддршката во обука на КБС, кој го спроведува процесот на транзиција кон армијата во согласност со стандардите на НАТО“, наведувајќи „дека (КБС) ќе биде достоен да стане дел од таа организација“.

Јенс Столетенберг е во еднодневна посета на Приштина, при што разговараше со премиерот Албин Курти, министерот Горан Ракиќ, а дел од посетата ќе го посвети на средба со претставници на КФОР и повеќе локални и меѓународни медиуми.

Слични содржини