За министерот за надворешни работи Бујар Османи изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дека до 2030 година мора Европската унија да биде подготвена за проширување, е многу позитивен сигнал за сите шест држави кои се во различни фази на процесот на приклучување.
За првиот човек на дипломатијата изјавата дава оптимизам, но тука треба се искористи приликата.
– Политичарите секогаш имаат дилема дали треба да ги зголемат очекувањата или да ги намалат, што да нема разочараност во случај на нереализирање на ветувањата. Не мислам дека 2030 година е година на ветувања. Не мислам дека досега имало поформална позиција на Европската унија за проширување од кога што беше изјавата на Шарл Мишел дека во 2030 вратите на ЕУ ќе се отворат. Ако правиме анализа, ако две три години одзема ратификацијата на членството ова значи дека и 2030 е далеку од страна на 27 земји членки. Мене оваа изјава на претседателот на Советот, Мишел ме направи по-оптимистичен од било кога бидејќи сме на вистинскиот пат дека членството е пред нас само треба да направиме напори за да ги координираме нашите активности во државата за да не ја пропуштиме оваа историска прилика. За да стигнеме до ратификацијата треба да се гласаат Уставните измени во Собранието, потенцираше Османи денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по одржувањето на Конференција за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.