319
Се што е во моќта на Португалија ќе се направи во однос на проширувањето на Унијата, а истовремено ќе се настојува да се добие и усогласување на Преговарачката рамка, со што С.Македонија набрзо би ги започнала преговорите со ЕУ за влез во неа.
Ваков беше ставот на министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, кој го пренесе пред нашите дипломати, Османи и Димитров при нивната посета во Брисел во текот на вчерашниот ден.
Инаку, Димитров и Османи беа едногласни за време на разговорот дека евроинтегративниот процес мора да добие засилено внимание особено во случајот на Северна Македонија која од март минатата година има консезуална одлука од сите земји членки за отпочнување на преговорите.