Односите меѓу Косово и Северна Македонија се одлични и треба и понатаму да се работи на продлабочување на односите, особено на економско поле и на терен на туризмот, оценија денес Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.
Претседателката Вјоса Османи, исто така истакна дека какви било промени на границите се неприфатливи за Косово.
Министерот Османи истакна дека Северна Македонија ќе застане покрај Косово на нејзиниот европски пат, изразувајќи поддршка за членството на Косово во НАТО и ЕУ.
Шефот на македонската дипломатија рече дека неговата влада се спротивставува на идејата за прекројување на границите, истакнувајќи дека Охридскиот договор, независноста на Косово и евро-атлантската перспектива на регионот покажале дека тие се успешни како модели.
На состанокот, меѓу другото, се разговараше за состојбата со пандемијата на коронавирусот во Косово и Северна Македонија.