Османи и Маричиќ во Париз на средба со Клеман Бон

од Берта Китинска
219 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре (среда, 2-ри февруари 2022 год.) ќе престојуваат во работна посета на Париз, каде ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција а ќе имаат средба и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во фокус на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.

Во рамки на посетата предвидена е средба и со сенаторот, Робер Бадентер.

Слични содржини