Османи ќе се обрати по повод чествувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

297 прегледи

Денес свое воведно обраќање ќе има Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по повод комеморативното чествување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27. јануари.

„Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди“, се вели во сооппштението испратено од МНР.

Инаку, на комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи, ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „ Историја – лекции за сегашноста” од Младински образовен форум – Скопје.

 

Слични содржини