Османи ќе ја промовира специјалната поштенска марка во знак на Претседавањето

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе промовира пригодна поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.

Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски”, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.

На промоцијата ќе присуствува и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази.

Слични содржини