Османи контра Каракачанов: Нема анекс со 12 точки кој проструи во јавноста

354 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 рече дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кои зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Карачанов.

„Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов“, рече Османи.

Инаку за потсетување, бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер на Владата на Бугарија, Красимир Каракачанов, во телевизиско интервју за бугарски медиум посочи дека С.Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или девруари, но, само ако нашата земја потпише анекс од 12 точки што бил доставен.

 

Слични содржини