Османи:Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

170 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи,учествуваше на видео состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиумина покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок.

,,Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и унапредување на сите човекови права и слободи, меѓу кои и на медиумската слобода што претставува директен показетел за цивилизацискиот напредок на општеството”, истакна Османи.

Министерот зборувајќи за заштитата на новинарите и медиумските работници од секаков облик на притисок или повреда на нивните права, како и на слободата на изразување преку ставање крај на сите повреди и злосторства и соодветно санкционирање на сторителите, Османи, потенцираше:

,,Санкционирањето на секој напад или повреда на правата на новинарите е императив за нормално функционирање на секое демократско општество“.

Светската конференција за слобода на медиуми годинава е во знак на одбележување на Светскиот ден за ставање крај на неказнивоста за кривични дела против новинарите, а со цел реафиримирање на заложбите за почитување на слободата на изразување и заштитата на безбедноста на новинарите.

Слични содржини