Османи: Мицкоски нека направи половина за албанскиот од тоа што јас имам направено за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни

од Milan1
49 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски , кој го обвини дека го распродавал македонскиот идентитет и јазик.

„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота.

Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС)
За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив.

Нека направи Премиерот Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, напиша Османи на својот Фејсбук профил.

„Човекот кој што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик“, изјави денеска Христијан Мицкоски.

Слични содржини