Османи на координацијата со Клинички центар за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ

од Radmila Tasevska
308 прегледи

Секоја карика од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција за да гарантираме беспрекорен тек на настанот, напиша претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи вечерва на Фејсбук по координацијата со Клинички центар.

Триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот, на кој се очекува присуство на делегации од 57 земји учеснички и партнери на ОБСЕ, се одржува во рамки на нашето претседавање со оваа меѓународна организација. 

Слични содржини