Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на НАТО Министерскиот состанок, што се одржa во седиштето на Алијансата, во Брисел.
Во рамки состанокот, сојузниците разговараа за актуелните меѓународни политички и безбедносни случувања, реафирмирајќи го непоколебливото единство и заедничка поддршка за Украина. Воедно, се осврнаа на приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот на НАТО, што ќе се одржи идната година, во Вашингтон.
Османи ја поздрави силната посветеност и зголемениот ангажман на НАТО во Западен Балкан, како стратешки важен регион на Алијансата.
“Особено значајна е блиската координација меѓу НАТО и ЕУ, при што забрзувањето на евроатлантските интегративни процеси е од суштинско значење за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни.”- нагласи Османи.
Воедно, беше истакната силната поддршка за НАТО политиката на отворени врати, при што сојузниците изразија очекување за што поскоро присоединување на Шведска како полноправна членка на Алијансата.