Османи на средба со амбасадорката на Велика Британија

159 прегледи

Амбасадорката за надворешни работи на Велика Британија, Рејчел Галовеј, денес ќе оствари средба со Министерот Бујар Османи врзана за потпишување на партнерство, трговија и соработка меѓу двете држави.

Преку оваа Спогодба, посочуваат од МНР,ќе се уредуваат трговските односи меѓу двете држави по излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија.

„Спогодбата воспоставува правна основа на идните трговски односи меѓу двете држави, кои во моментот се одвиваат согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со неа се обезбедува целосен континуитет на трговските односи без промени на досегашните услови и ќе се применува по истекот на преодниот период договорен меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, кој во моментот е предвиден за 31 декември 2020 година“, наведуваат од МНР.

Слични содржини