Османи на средба со Сакеларопулу: Двете земји влегуваат во нов продуктивен период и односите се на високо ниво

321 прегледи

На средбата која министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Грција ја оствари најпрво со претседателката, Катерина Сакеларопулу, фокусот бил ставен на напредокот на билатералните односи по Договорот од Преспа, како и ситуацијата во регионот и европската перспектива на С.Македонија.

Како што посочуваат од кабинетот на грчката претседателка, Грција очекува поблиска соработка на двете соседни земји и го потенцираа фактот дека двете земји сега се наоѓаат во нов продуктивен период.

„Претседателката на државата увери дека нашата земја останува стабилен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија, секако секогаш со главен критериум поставените услови и почитување на принципите на добрососедство. Потенцираше дека целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа е клучно, како за интегративниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, така и за нашите билатерални односи“ , велат од кабинетот на Сакеларопулу по средбата со Османи.

Меѓудругото, Османи ја информирал грчката претседателка за имплементацијата на Договорот од Преспа и за можностите за соработка меѓу двете земји и ѝ се заблагодарил на Грција за поддршката на европскиот пат на нашата земја.

Слични содржини