Ние поддржуваме секоја заедница да отвора свои центри, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната пресс – конференција, во врска со отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Во однос на името кое го носи овој културен центар министерот смета дека негова улога не е да именува туку да го промовира имиџот на нашата држава пред светот.
– Тука беше спорно името кое се смета како провокација, доколку не беше именувам како што е именувам ќе бевме во заедничко отварање, наше е да покажеме дека сите уживаат еднакви права, ние не бевме дел од тој проект, изјави Османи за отворањето на бугарскиот културен центар„ Ванчо Михајлов“, додавајќи дека не дозволиле Македонија да биде прикажана како ограничувач на право на одредена заедница.
Министерот е дециден дека барањето за пристуство при отворањето на културниот центар било по барање на Генчевска, а дека тие имале информации дека ќе бидат присутни други претставници од Бугарија како што е Каракачанов.