Османи: Од Косово бараат создавање на ЗСО, а од Србија не бараат да гласа за Косово во СЕ

од Илинка Илиоска
275 прегледи

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска на Самитот за демократија во Копенхаген изјави дека иднината на Косово е во евроатлантските интеграции.

Зборувајќи за прашањето за членството на Косово во Советот на Европа и за дијалогот меѓу Косово и Србија, таа рече дека Косово изразило подготвеност да ги спроведе сите договори, но дека Србија не го прави тоа.

„Сакаме да го почитуваме секој договор што го постигнавме во дијалогот. Но, како и во сите други договори, има две страни и ако едната страна не спроведе ниту една точка, ги поткопува договорите, а во случајот Србија јавно кажува дека нема да го спроведе и не го прифаќа договорот, потоа се поставува прашањето дали имаме договор“, рече Османи.

„Побаравме од ЕУ партиите паралелно да го спроведуваат договорот. Ние не бегаме од обврските што произлегуваат од договорот, туку Србија мора истовремено да ги спроведе“, додаде таа.

Османи смета дека обврска на Косово од договорот, меѓу другото, е и создавање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), но под услов и Србија „де факто“ да ја признае независноста на Косово.

Таа реагираше дека „врз Србија не се врши притисок, а од Косово се бара и формирање на ЗСО за да стане членка на Советот на Европа“.

Слични содржини