Османи по изјавата на Вучевиќ: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

од Radmila Tasevska
342 прегледи

Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово, објави на Фејсбук профилот шефот на дипломатијата Бујар Османи, реагирајќи на изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, кој вчера изјави дека „Северна Македонија и Црна Гора се огрешија кон Србија со признавањето на независноста на Косово“.

-Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, додава Османи во објавата на Фејсбук.

Вучевиќ, меѓудругото, оцени дека постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

-Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи, рече Вучевиќ.

Слични содржини