Османи по средбата со Ескобар: Успехот на дијалогот зависи од еднаквиот пристап на ЕУ до страните

САД остануваат клучни за успешно завршување на процесот на дијалог што ќе доведе до меѓусебно признавање, како што беше споменато и во последното писмо на Бајден, посочи Османи.

од Бети Божиноска
320 прегледи

Косовската претседателка Вјоса Османи утринава се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со кого разговарале за најновиот развој на настаните во земјата и за процесите низ кои поминува Косово, пренесува „Репортери“.

„Разговаравме за последните случувања во нашата земја и процесите низ кои поминува Косово. Во секоја фаза од предизвикот, САД застанаа покрај Косово и ние сме им благодарни. Соработката со САД треба да биде оската на нашите активности. Соработката беше и останува од витално значење како во нашите бескомпромисни напори за обезбедување владеење на правото на целата територија на Косово, така и за зајакнување на меѓународната позиција на Косово. Соработката со сојузниците е од суштинско значење, особено сега кога Косово презеде клучна чекори кон членство во Советот на Европа“, истакна Османи.

На средбата, меѓу другото, се разговарало за безбедносните предизвици во Косово и за ‘терористичкиот’ напад во Бањска, за кој косовската претседателка верува дека Србија треба да ги екстрадира сите лица вклучени во планирањето, финансирањето и организирањето на нападот од 24 септември минатата година.

„Ќе продолжиме да ги применуваме највисоките стандарди за правично судење и да соработуваме со нашите сојузници, особено со САД, за нашата граница да биде безбедна и да спречиме такви напади во иднина“, додаде таа.

Во однос на дијалогот со Србија, Османи исткана на Ескобар му кажала оти успехот на овој процес зависи од принципиелниот и еднаков пристап на ЕУ кон двете страни.

„Од клучно значење е целосното спроведување на постигнатите договори, особено основниот договор од февруари 2023 година и Охридскиот анекс од март 2023. Селективниот пристап само кон одредени членови од основниот договор нема да помогне бидејќи важни се сите членови и имплементацијата мора да биде целосна, а не делумна. САД остануваат клучни за успешно завршување на процесот на дијалог што ќе доведе до меѓусебно признавање, како што беше споменато и во последното писмо на Бајден“, посочи Османи.

Слични содржини