Османи: Поручникот на Милошевиќ, Вучиќ, сака да уништи сé што е постигнато во регионот

од Radmila Tasevska
217 прегледи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обидува да го уништи сето она што, заедно со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е постигнато во регионот по војните во поранешна Југославија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На нејзината страница на платформата „X“ (поранешен Твитер), Османи порача дека – како што го нарече Вучиќ – „поручникот“ на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ, кој почина во притворот на Меѓународниот трибунал во Хаг во 2006 година, додека му се судеше за воени злосторства во поранешна Југославија, нема да успее во неговата намера.

– Повеќе од две децении откако Милошевиќ ги опустоши Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово, неговиот поручник Вучиќ сега се обидува да уништи сé што постигнавме заедно со САД и ЕУ: мирот, слободата и соживотот меѓу различните заедници. Ќе работиме со нашите сојузници и нема да дозволиме овие достигнувања да бидат уништени. Слободата ќе победи, напиша Османи.

Слични содржини