Османи: Повеќе од 60.000 државјани се попишале електронски, најслаб е одзивот во Канада и Австралија

Уште 35 дена ќе трае процесот на самопопишување на дијаспората, додека денес завршува пописот на дипломатија.

Според информациите на Османи, правото на самопопишување го искористиле над 60.000 македонски државјани. Најголем дел се од Швајцарија односно 16.000 , потоа следува Германија со 10, но и Италија со 6.000 попишани македонски граѓани, додека најслаб е одзивот во Канада и Австралија.

„Веројатно постојат повеќе причини за степенот на заинтересираност на нашата дијаспората, да не констатирам јас, дали тој степен е слаб или силен бидејќи имаме уште 35 дена можност граѓаните да се само попишуваат. За разлика од Европските држави, во прекуокеанските заинтересираноста е помала, пред се, Канада и Австралија се со помал одѕив на попишување, веројатно дистанцата и информираноста си го прават своето, не можам да прејудицирам дали има одредени други причини“, посочи Османи.

Министерот за надворешни работи истакна дека времето кое го има дијаспората е доволно да се заврши процедурата, и воедно повика македонските државјани да ја пополнат електронската апликација.

Слични содржини